Бразил и Мароко ги поделија бодовите играјќи 1-1 на стадионот „МетЛајф“, додека Шкотска со минималната победа од 1-0 над Хаити се искачи на првото место во групата.
Мароканците оставија подобар впечаток во поголемиот дел од натпреварот и беа поблиску до победа, додека избраниците на Карло Анчелоти повторно покажаа дека имаат простор за напредок доколку сакаат сериозно да се борат за светската титула.
Африканската селекција подобро го отвори натпреварот и својата иницијатива ја круниса во 21. минута. Брахим Дијаз одлично асистираше до Исмаил Саибари, кој со прецизен удар го совлада Алисон Бекер за водство од 1-0.
Бразил возврати во 32. минута преку Винисиус Жуниор, кој постигна атрактивен погодок и донесе израмнување за својата репрезентација.
Во второто полувреме немаше многу возбудувања. Бразил имаше поголем посед на топката и повеќе обиди кон противничкиот гол, но не успеа да стигне до пресврт, додека Мароко сигурно се бранеше и го сочува бодот.
Во вториот натпревар од групата, Шкотска го совлада Хаити со 1-0. Единствениот гол на средбата го постигна Џон Мекгин во 28. минута.
Во следното коло Бразил ќе игра против Хаити во Филаделфија, додека Мароко ќе се соочи со Шкотска во Мајами.
The post Анчелоти без победа на стартот, Бразил ремизираше со Мароко appeared first on Скопско ЕХО.