Бугарската влада ќе побара одобрение од парламентот за распоредување до осум американски авиони-цистерни во воената база Безмер, откако претходниот план тие да бидат сместени на цивилниот аеродром во Софија предизвика политички реакции.Премиерот Румен Радев денеска, на годишната конференција на бугарските амбасадори во Софија, изјави дека владата ќе побара поддршка од пратениците за новата локација. Тој посочи дека проблемот настанал затоа што воените авиони биле сместени на цивилен аеродром во