
Алмир Даути е назначен за в.д, директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар, соошти Општина Гостивар.
Даути, кој е родум од Подгорица, Црна Гора, подолго време е вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар. По образование е дипломиран економист, а во претпријатието веќе седум години ја извршува функцијата раководител на Одделението за комерција. Од 2020 година е и генерален секретар на ФК Гостивар, откако Општина Гостивар го презеде раководењето со клубот.
Даути на директорското место доаѓа откако беше суспендирана директорката Артана Асани.
Заедно со Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во јавното претпријатие „Комуналец“, Асани е осомничена и притворена дека дала наредба да се пуштат три пумпи за да се зголеми притисокот во водоводниот систем. При тоа навлегла загадена вода во системот, по што се појави епидемијата во Гостивар од која се заразени повеќе од 4 илјади луѓе.
The post АЛМИР ДАУТИ Е ИМЕНУВАН ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ – ГОСТИВАР Дојде на местото на притворената Артана Асани appeared first on plusinfo.mk.