Стевчо Јакимоски, јавно предупреди на можни безбедносни ризици поврзани со организирање на забава на кров од објект за кој, како што тврди, минатата година била изречена забрана за користење поради небезбедни услови.
Јакимоски, преку објава на социјалните мрежи изрази загриженост поради организирање на настан на кров од објект за кој, според него, претходно биле утврдени безбедносни ризици.
„Повторно може да ни се случи Кочани“, напиша Јакимоски, посочувајќи дека минатата година било забрането користењето на кровот за забави и било наложено отстранување на скалите поради безбедносни причини.
Тој тврди дека денес истиот простор е распродаден за организирање журка и поставува прашања до надлежните институции за тоа кој ја дозволил ваквата активност, кој ја презел одговорноста и кој би одговарал во случај на евентуална несреќа.
Бившиот градоначалник нагласува дека животот и безбедноста на граѓаните не смеат да бидат ставени во втор план поради профитни интереси и повика на одговорност и почитување на безбедносните стандарди. https://www.facebook.com/share/r/1CmCFhi6ng/„По Кочани сите ветуваа дека научиле лекција. Очигледно некои научиле само како побрзо да ги бројат парите“, наведува Јакимоски во објавата.
The post 🔴 АЛАРМ ОД ЈАКИМОСКИ: „ПОВТОРНО МОЖЕ ДА НИ СЕ СЛУЧИ КОЧАНИ“ – КОЈ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ОВАА ЖУРКА? appeared first on Politika.