
Денеска (07.06.2026) во времето од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на град Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа изречени 326 мерки за возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Од нив, 92 мерки за управување моторцикл без заштитен шлем (кацига), девет мерки за несоодветна категорија, четири мерки за нерегистрирани мотоцикли, шест мерки за поминување на црвено светло, седум мерки за незастанување на даден знак и др.
Во акциската контрола констатирано е едно кривично дело “безобѕирно управување возило” по чл.297а од КЗ и привремено е одземено едно возило поради сомнение за техничка неисправност (бучава).