Полицијата уапси петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни.

Како што информираат од МВР, уапсен се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. (25) и Б.Т.Б. (20), сите од Република Турција.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Акција на полицијата во Аеродром: Уапсени се петмина турски државјани е превземен од А1он.