
Познатиот поп-пејач и сопственик на ресторан, Адријан Гаџа, кој вообичаено го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, овојпат не издржа – на својот профил на Инстаграм тој сподели три фотографии со своето синче.
На сите фотографии Адријан го држи во нежна прегратка својот син и не може да ги тргне очите од него, додека тој позира со љубопитен поглед насочен директно во камерата.
Неговите пријатели и фанови веднаш го преплавија профилот на пејачот со убави честитки и коментари.
View this post on Instagram
Адриан Гаџа стана татко на своето прво дете само три месеци откако се вери со својата избраничка и ја сподели веста со своите следбеници на Инстаграм, објавувајќи емотивни фотографии на кој тогаш не се гледаше лицето на бебето, туку само неговото мало раче.
Покрај нив напиша: „Добредојде свету мој“.
View this post on Instagram
The post АДРИЈАН ГАЏА СЕ ПОФАЛИ СО СИНЧЕТО Пејачот стана татко во мај оваа година appeared first on plusinfo.mk.