Американските сили извршија нов бран воздушни напади врз Иран со цел дополнително да ги ослабат неговите воени капацитети во Ормутскиот Теснец, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Според американската војска, погодени биле околу 90 воени цели долж иранскиот брег.

Меѓу метите се нашле системи за противвоздушна одбрана, објекти за крајбрежен надзор, складишта за ракети и беспилотни летала, како и поморска и логистичка инфраструктура. Од CENTCOM наведуваат дека нападите се продолжение на офанзивата започната претходната ноќ. Според Вашингтон, операцијата е одговор на иранските напади врз три комерцијални брода во Ормутскиот Теснец и кршењето на примирјето.

Ден претходно американските сили нападнаа околу 80 воени цели, вклучително и повеќе од 60 пловни објекти на Иранската револуционерна гарда. Од американската команда порачаа дека нивните сили остануваат целосно подготвени за нови операции доколку биде издадена наредба.

The post 90 воени цели долж иранскиот брег биле мета на синоќешните нови американски напади appeared first on Скопско ЕХО.