Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден" од Крива Паланка и „Љубен Лапе", „Ацо Шопов", „Лазо Трповски " и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но, највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што разговараа со претседателката.Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.Потсетувајќи се на првите учители кои и ја всадиле љубовта кон книгите, претседателката им порача на учениците да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.Учениците си заминаа, носејќи со себе убави спомени од еден необичен училишен ден.335 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден" од Крива Паланка и „Љубен Лапе", „Ацо Шопов", „Лазо Трповски " и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но,...
Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден" од Крива Паланка и „Љубен Лапе", „Ацо Шопов", „Лазо Трповски " и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет.Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови.Потем, учениците имаа можност да ги разгледаат просториите на Кабинетот и да се запознаат со работата на институцијата. Но, највозбудливиот дел од посетата следеше во дворот, каде што разговараа со претседателката.Опкружена со стотици љубопитни погледи и кренати раце, таа одговараше на прашања врзани за детството и училишните денови, професорската работа и претседателските обврски.Потсетувајќи се на првите учители кои и ја всадиле љубовта кон книгите, претседателката им порача на учениците да го негуваат другарството, да се почитуваат, да поставуваат прашања и да не се плашат да размислуваат поинаку, оти токму љубопитноста е почеток на секое учење, а знаењето останува најсигурниот сопатник низ животот.Учениците си заминаа, носејќи со себе убави спомени од еден необичен училишен ден.