Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се одвива со засилена динамика, а според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, станува збор за еден од најголемите и најсложени инфраструктурни проекти што се реализираат во Македонија.„Интензивно се гради пругата Скопје – Софија. Втората делница претставува вистински градежен и инженерски подвиг“, истакна Николоски.Проектот опфаќа изградба на три нови железнички станици – во Романовце, Кратово и Гиновце, како и 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници.Според Николоски, комплексноста на теренот и обемот на градежните зафати ја прават оваа делница една од најпредизвикувачките инвестиции во железничката инфраструктура во државата.„Станува збор за исклучително предизвикувачки проект кој има огромно значење за регионалното поврзување и развојот на транспортната инфраструктура“, нагласи тој.Со изградбата на железничкиот Коридор 8, Македонија треба да добие директна железничка врска со Бугарија, што ќе придонесе за подобра поврзаност, побрз транспорт на патници и стоки и засилување на економската соработка во регионот.„Ја градиме Македонија“, порача Николоски.