Германската полиција објави потерница по 21-годишниот Абдул Б., кој е осомничен за нападот што синоќа се случи во близина на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени.Според информациите на полицијата и Обвинителството, осомничениот наводно со возило удрил во луѓе во близина на паркот Тиргартен, по што избегал. Во тек е интензивна потрага, а властите апелираат граѓаните да не му се приближуваат доколку го забележат, туку веднаш да ја известат полицијата