Дваесет и едногодишен жител на струшкото село Велешта се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 01:45 часот, на регионалниот пат во Велешта, кога патничко возило „фиат“, управувано од В.Ѓ. (21), удрило во бандера, а потоа излетало од патот.Возачот бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.На местото на несреќата увид извршиле јав