СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против А.С. (23) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Несреќата се случила на 28 мај 2026 година околу 23:00 часот на улица „34“ во населбата Илинден, кога дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (23), и мопед управуван од П.С. (20), двајцата од истата населба.

Во несреќата, 20-годишниот возач на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и покрај укажаната лекарска помош починал на 1 јуни 2026 година.

По целосно документирање на случајот, против возачот на автомобилот е поднесена кривична пријава, а истрагата ја води надлежното обвинителство.

The post 20-ГОДИШЕН МОТОЦИКЛИСТ ПОЧИНА ПО СУДИР СО „БМВ“ Кривична за возачот на возилото по сообраќајката во Илинден appeared first on plusinfo.mk.