Деветнаесетгодишен велосипедист од струмичкото село Дражево се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над велосипедот и паднал на коловоз во село Смолари.

Според информациите од СВР Струмица, незгодата се случила вчера околу 17:30 часот. Велосипедот го управувал С.Ѓ.(19) од село Дражево, кој од засега неутврдени причини изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струмица, која работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила незгодата.

The post 19-годишен велосипедист тешко повреден при пад во Смолари appeared first on Radio StrumicaNet.