Четиринаесетгодишен охриѓанец завршил во Општата болница во Охрид откако консумирал алкохол во угостителски објект во градот. Полицијата поднесе кривична пријава против фирмата што го управува објектот и против сопственикот и управител Е.Н. од Охрид, поради сомнение за овозможување консумирање алкохол на дете.

Според пријавата на СВР Охрид, при полициска контрола во угостителски објект на улицата „Партизанска“ било утврдено дека на малолетникот му бил послужен алкохолен пијалак, без од него да биде побаран документ за идентификација и проверка на возраста.

По консумирањето на пијалакот, 14-годишното момче се онесвестило, по што било пренесено на лекарска помош во Општата болница во Охрид.

The post 14-ГОДИШНИК ПИЕЛ АЛКОХОЛ ВО КАФАНА, СО ОНЕСВЕСТИЛ, ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Кривична пријава за охридски угостител appeared first on plusinfo.mk.