Тринаесетгодишно дете од Кичево се здобило со тешки телесни повреди откако електричен тротинет со кој управувал удрил во паркирано возило во градот.

Инцидентот се случил на 04.06.2026 година околу 11:15 часот на улицата Рудничка во Кичево.

Според информациите од полицијата, малолетникот управувал електричен тротинет кога удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д. (47) од Кичево.

Во несреќата, детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кичево, која работи на целосно расчистување на случајот.

The post 13-ГОДИШНО ДЕТЕ СО ТРОТИНЕТ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Малолетник од Кичево заврши во болница appeared first on plusinfo.mk.